Италија со две победи го комплетира септемврискиот циклус од Лигата на нациите и со максимални шест бода е прва во својата група. Аѕурите синоќа со 2:1 славеа над Израел на неутрален терен во Будимпешта.
Победата на Италија е посебна затоа што ова беше прв натпревар на кој дури петмина стартери во составот на Лучијано Спалети се родени по 2000 година, односно во 21 век.
Победата на Италија беше најавена со еден специфичен погодок. По центаршут на Димарко, Давиде Фратеси на перфектен начин се снајде и со удар со гради ја сврте топката во мрежата на Израел.