Репрезентацијата на Италија го победи Израел со 2-1 во меч од Лигата на нациите кој се одигра на неутрален терен во Будимпешта, Унгарија. Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по потегот на италијанските навивачи, кои на интонирањето на химните ѝ завртеа грб на израелската.
Причината за потегот на 50-тината италијански навивачи се оценува дека е во знак на поддршка на Палестина и во знак на протест кон воените дејствија во Појасот Газа.
Italy fans turn their back on the Israeli national anthem before tonight’s Nations League game… pic.twitter.com/LvxfU5s2Oz
— Ben Green (@BenGreenJeru) September 9, 2024