Официјално: Синер е ослободен од сите обвинувања за допинг

Освојувачот на Отвореното првенство на САД и лидер на АТП ранг-листата, Јаник Синер, и официјално е ослободен од сите обвинувања за користење допинг. Ова следува откако Светската антидопинг-агенција, ВАДА, одлучи дека нема да се жали на Спортскиот арбитражен суд во Лозана за одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот.

„Агенцијата пресуди дека Синер не направил ништо за свесно и намерно да користи недозволени средства“, се вели во соопштението.

Тоа значи дека целиот случај е затворен, а Јаник Синер нема да сноси последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести