Македонската фудбалска репрезентација првпат на еден меч успеа да постигне два гола кога на теренот има играч помалку. Селекторот Благоја Милевски откри кој бил советот за време на полувремето, веднаш по шокот и црвениот картон на Ѓоко Зајков.
„На полувремето направивме корекции и со измените и формациски. Што да им кажам на фудбалерите освен дека треба да веруваат во сопствениот квалитет и дека може да победат. Тоа е најважно, да се има верба во сопствениот квалитет“, вели Милевски.
Македонија во својата историја никогаш не постигнала два гола со играч помалку на еден меч, но ете, тоа се случи вечерва на арената „Тодор Проески“, и тоа само за едно полувреме.