Миовски: „Покажавме победнички менталитет, нашата цел е првото место во групата“

Фудбалската репрезентација на Македонија по 11 месеци конечно победи, се чини во вистински момент, и тоа против директниот конкурент за првото место во групата во Лигата на нациите, Ерменија, со 2-0.

„Беше многу тежок натпревар. Игравме со играч помалку, а претходно одигравме реми со Фарски Острови. Но, кога беше најпотребно, покажавме победнички менталитет. Беше тешко да се пробие оваа Ерменија, но постигнавме два гола за значаен триумф. Нашата цел останува иста, првото место во групата“, рече Миовски по натпреварот.

На Македонија сега ѝ следуваат два натпревари на гостински терен, против Летонија и Ерменија, кои ќе бидат клучни за пласманот на првото место и баражот за Светското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести