Вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони Надал, во големо интервју за француските медиуми зборуваше на многу тениски теми, а неизбежна беше и таа за вечната дилема, кој е најдобриот тенисер на сите времиња.
„Најдобар е Ѓоковиќ бидејќи ги освои сите можни титули. Кој играше најдобро? Федерер. Тоа што тој го правеше на теренот, никој друг не го повтори. Најдобар без повредите можеше да биде и мојот внук, Рафаел, но тој имаше премногу повреди, па најдобар во историјата е Ѓоковиќ.“ – вели Тони Надал.