Ништо од историја за Комо: Болоња се врати од два негатива и спречи радост на домашните (Видео)

Фудбалерите на Комо не успеаја да ја забележат првата победа во Серија А после пауза од 21 година, иако имаа водство од 2-0 против Болоња на домашен терен. Касале со автогол во петтата и Кутроне со погодок во 53-тата минута донесоа убедливи 2-0 за Комо, но Болоња не се откажа и спречи радост на домашните во самиот финиш.

Сантијаго Кастро во 76-тата минута намали на 2-1 во 76-тата минута, а Ајлинг во 91-вата минута ги постави конечните 2-2 на мечот во Комо.

За Болоња ова беше трет нерешен резултат во четвртиот меч оваа сезона, додека Комо дојде до второто реми. И двете екипи остануваат без победа во новата сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести