Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, е голем фаворит да ја одбрани пол-позицијата која ја освои вчера и да победи на трката за ГН на Азербејџан, која денес се вози нив улиците на Баку. Сепак, Леклер ќе има тешка задача, бидејќи само на седум од 16-те трки оваа сезона победуваа возачите кои стартуваа од пол-позиција, еднаш тоа беше и самиот Чарлс Леклер. Квотата за победа на возачот од Монако во Sport Life е 1.60.
Според квотите во Sport Life, втор фаворит за победата е Оскар Пјастри со квота од 3.20, кој ќе стартува од првиот ред, но од втората позиција. Третото и четвртото место според квотата го делат Ферстапен и Сајнц, со квота од 13.00. Најблиску до нив е Расел со квота од 17 и тука некаде се затвора кругот на возачите од кои се очекува добар резултат во Азербејџан.
Слични се квотите и кај конструктори. Прв фаворит со квота од 1.60 во Sport Life е Ферари. Следува Мекларен со квота од 2.90 и Ред Бул со 8.00, додека Мерцедес има квота од 11.00.