Лацио оди по домашен хет-трик против Верона

3009 Парма – Удинезе (18.30 часот)

Парма има четири бода по три кола во Серија А, а на сите три меча по враќањето во италијанската елита, овој тим и даваше и примаше гол. Удинезе тргна одлично, има 7 бодови од три меча, и ќе сака да го продолжи позитивниот тренд. Парма дома ретко губи, а Удинезе е опасен гостин. Последниот нивен меѓусебен дуел во Парма заврши 2-2, Удинезе не победил на „Енио Тардини“ уште од 2013 година, а на овој стадион примаше по два гола на секое од последните три гостувања.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

2608 Хамарби – Норшепинг  (19.10 часот)

Хамарби е втор на табелата во шведската лига и се бори за излез на европска сцена. Во добра серија се, осум меча по ред не знаат за пораз. Имаат само три ремија сезонава во 21 коло, но во последните четири кола двапати играа нерешено. И Норшепинг има само три нерешени игри сезонава на 21 меч. Овој тим освои само еден бод во последните три кола, а има примено 45 гола, што во просек е повеќе од два по натпревар.

Предлог тип: 1 & ГГ (3.00)

 

5614 Ал-Ахли – Персеполис (20.00 часот)

Ова е меч од азиската Лига на шампиони која стартува денеска. Ал-Ахли од Саудиска Арабија и ирачкиот Персеполис се во западната лига, каде што се арапски тимови. Домашните се големи фаворити на овој меч во Џеда. Пред три дена, Ал-Ахли беше на прагот на победа против Ал-Наср во саудиската лига, но Роналдо и другарите среќно се спасија од пораз во 96-тата минута. Екипа која во своите редови ги има голманот Менди, Демирал и Ибањес во одбраната, Кеси во средината, а Марез, Фирмино и Тони во нападот не би требало да кисира дома против еден од најголемите клубови во Ирак.

Предлог тип: 1-1 (1.87)

 

3010 Лацио – Верона (20.45 часот)

Римските Орли во првите три кола играа мечеви со ГГ и 3+, додека Верона или победуваше или губеше во мечеви на кои едниот тим не даваше гол. Верона има 6, а Лацио 4 бода во пресрет на овој меч на „Олимпико“. Верона гостуваше и во претходното коло, кога ја победи Џенова, а Лацио повторно игра дома, по ремито со Милан на крајот на август пред репрезентативната пауза. Верона губеше и не даваше гол на претходните две гостувања кај Лацио.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)

 

1310 Рајо Валјекано – Осасуна (21.00 часот)

Рајо тргна со победа, а потоа во три кола освои само еден бод. Осасуна е малку поуспешна, собра три бода повеќе од малиот мадридски тим. Двата тима засега имаат негативна гол-разлика. Со нетрпение се очекува дебито на Хамес Родригез во дресот на Рајо. Хамес е во одлична форма, блескаше во квалификациите за СП, со гол и асистенција помогна во победата на Колумбија над Аргентина и тој треба да биде џокерот кој ќе пресуди во полза на домашните. На последните четири меѓусебни дуели во Мадрид, секогаш паѓаа по три гола и секогаш имаше победник.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.87)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести