Работник го издржа притисокот и запиша дебитантска победа во Купот на ЕХФ

Еурофарм Работник минимално го совлада тимот на Нексе Нашице со 29:28 во четвртото коло во групната фаза од Купот на ЕХФ. Битолскиот состав ја оствари дебитантската победа во контитенталното натпреварување по три последователни порази, а воедно му го нанесоа првото разочарување на лидерот во групата Б.

Домаќините во ниту еден момент не ја испуштија предноста од свои раце, гостите од Хрватска најмногу успеаја да го израмнат резулатот во два наврати. Со два гола предност од првиот дел, Работник тргна фуриозно во првите минути од второто полувреме и стигна до највисоки +7, додека ракометарите на Нексе се обидуваа да вршат притисок и да се вратат во игра, но на крајот останаа кратки за еден гол.

Стјепановиќ се истакна како најефикасен од редовите на Работник со седум погодоци, Остроушко застана на шест гола, по четири дадоа Кузмановски и Џукиќ. Кај поразените, Гаџа со девет гола беше најсрасположен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести