Интер Мајами во финишот остана без победа, Меси одигра само 30-тина минути (Видео)

Интер Мајами и Лионел Меси одиграа само 2-2 на гостувањето кај Атланта јунајтед во МЛС-лигата. Интер двапати имаше водство, но на крајот не успеа да победи. Мартино одлучи мечот да го започне без Меси, Луис Суарес и Алба, а сите тројца во игра влегоа кога нивната екипа имаше водство од 2-1, но сепак не успеаја да го сочуваат.

И покрај киксот, Интер Мајами останува убедливо прв со 63 бода во Источната конференција, односно со осум повеќе пред второпласираниот Синсинати, на пет кола до крајот од регуларниот дел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести