Екипата на Баерн Минхен продолжува да ги гази своите противници во Бундес лигата, па „баварците“ во четвртото коло го победија Вердер Бремен на гости со 0-5. Она што е интересно за овој натпревар, Хари Кејн после два хет-трика по ред, денес успеа само еднаш да се запише во листата со стрелците.
Мишел Олисе двапати се запиша во листата на стрелците, додека по еднаш прецизни за Баерн Минхен беа Џамал Мусиала, Хари Кејн и Серж Гнабри. Баерн Минхен после четвртото коло останува единствената максимална екипа во Бундес лигата со 12 бода. „Баварците“ имаат постигнато 16 гола на четири меча, а примија само три.
Резултати:
Хајденхајм – Фрајбург 0-3
Унион Берлин – Хофенхајм 2-1
Бохум – Холстен Кил 2-2
Вердер Бремен – Баерн Минхен 0-5