Миовски беше стартер за Жирона која загуби против „фенерџијата“ во Шпанија

Екипата на Валенсија стигна до првата победа сезонава во шпанското првенство откако со 2:0 победи против Жирона, во рамките од шестото коло. Со оваа победа Валенсија избега од дното на табелата во Примера дивисион каде беше пред почетокот на овој дуел (само еден бод во пет меча), а Жирона трет пат капитулираше, само потврдувајќи дека ова не е истиот тим од минатата сезона, која обезбеди место во Лигата на шампиони.

Во стартниот тим на Жирона беше Бојан Миовски, но македонскиот репрезентативец немаше посериозна можност да го загрози голот на домаќините. Миовски беше повлечен од игра во 79 минута, кога Валенсија веќе имаше предност од 2:0.

Интересно е дека двата гола кои ги постигна Валенсија беа со „помош“ на капитенот на Жирона, Хуанпе. Првиот погодок постигнат во 56 минута, е запишан како автогол на Хуанпе, откако по шутот на еден противнички играч, топката удри во капитенот на гостите и заврши во мрежата на Жирона.

Речиси идентична беше ситуацијата која се случи две минути подоцна. Гомес шутираше, топката повторно удри во Хуанпе, го смени правецот и заврши во голот на Жирона, која едноставно во напаѓачкиот дел делуваше премногу инфериорна, па си замина поразена од гостувањето на „Месталја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести