Роналдо искрено: Ни јас, ни Меси не го можевме тоа што тој го направи на 17 години!

Кристијано Роналдо и Лионел Меси се двајцата фудбалери кои ги одбележаа изминативе 20 години во светскиот фудбал. Двајцата кој речиси две децении се со врвен фудбалски блесок, полека заминуваат од главната сцена, каде се појавуваат некои нови момци.

Ламин Јамал е тинејџерот кој блеска, а дури и Роналдо потенцираше дека овој 17-годишен талент го чека голема кариера.

„Искрено, ниту јас ниту Меси не го можевме тоа што Јамал го направи на 17 години. Тој е голем талент и има голем потенцијал. Според мене, тој е најдобриот млад фудбалер во светот. Нема да му биде лесно, потребна е и среќа, но јас верувам дека тој ќе биде најдобриот фудбалер во светот, во својата генерација“, рече Роналдо за Јамал.

- Оглас -

Најнови вести