Ненад Димитријевиќ го освои првиот трофеј со Олимпија Милано

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ го предводеше тимот на Олимпија Милано до драматичен триумф (98-96) против Болоња, во Суперкупот на Италија. Тој постигна 16 поени, а забележа и шест асистенции и пет скока. По завршувањето на мечот беше прогласен и за најкорисен (МВП) играч.

Димитријевиќ апсолутно ја оправда довербата на тренерот Еторе Месина и веднаш успеа да освои трофеј со новиот италијански тим Олимпија Милано.

Натпреварот беше неверојатно израмнет, а во регуларниот тек заврши 84-84 и се играше продолжение. На крајот, Олимпија Милано беше за нијанса подобар и успеа да го освои Суперкупот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести