Фонсека: Момците беа максимално мотивирани, заслугата за триумфот е нивна

Милан ја прекина серијата од шест последовни порази против Интер, победувајќи со 2-1 под водство на тренерот Пауло Фонсека. Тој ги пофали своите играчи за нивната храброст и напор, истакнувајќи дека оваа победа е многу важна поради лошата форма на тимот од почетокот на сезоната.


Фонсека посочи дека не направил големи тактички промени, но различниот пристап на играчите кон натпреварот бил клучен.

„Сега ќе имаме поголема самодоверба, но за мене најважно е да продолжам да гледам дека фудбалерите ги следат нашите идеи. Знаеме дека треба да покажеме уште подобар фудбал. Овој триумф е заслуга на момците кои успеаја максимално да се мотивираат за ова дерби“, изјави Пауло Фонсека.

- Оглас -

Најнови вести