Ќе биде интересно во Шпанија, Англија, Швајцарија…

1301 Валенсија – Осасуна (19 ч.)

Дуел на два тима кои имаат лоша одбрана и веќе имаат двоцифрен број примени погодоци. Валенсија во последното коло славеше над Жирона со 2:0 и домашните фанови сега очекуваат нови три бода.

Во последните 10 меѓусебни меча, Валенсија има пет победи, Осасуна се радувала четирипати, а само еднаш било нерешено. Најчесто нема повеќе од три гола.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.91)

 

1036 Хадерсфилд – Блекпул (20:45 ч.)

Добро започна Хадерсфилд и по првите шест кола има четири победи. Блекпул ја има најлошата одбрана со 13 примени погодоци во шест меча, но игра и офанзивно и има дадено 11 погодоци.

Хадерсфилд е на домашен терен и важи за фаворит, но тоа што е очекувано за овој дуел е дека треба да има погодоци, и тоа во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

1921 Сент Гален – Цирих (20:30 ч.)

Ова треба да биде еден од поинтересните дуели за денеска. Сент Гален игра променливо, но сигурно домаќините ќе го дадат максимумот против тимот кој е лидер во првенството на Швајцарија.

Цирих е единствен тим без пораз сезонава, а гостувањето кај Сент Гален е вистински предизвик затоа што во последните 10 меѓусебни средби, двата тима имаат по четири победи, а двапати било нерешено. На шест од последните осум средби на овие два тима немало повеќе од два гола

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (2.11)

 

1302 Севилја – Валјадолид (19 ч.)

Во последните 10 дуели на овие два тима, Севилја има пет победи и пет дуели завршиле нерешено. Тоа што е интересно е дека на четири од последните пет средби, реултатот бил 1:1. На седум од последните осум меча на крајот немало повеќе од два гола.

Валјадолид во првите шест кола постигна само два гола, а прими дури 13 погодоци и ја има најлошата гол-разлика во пренството.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.13)

 

1154 Манчестер сити – Ватфорд (20:45 ч.)

По исцрпувачкиот дуел против Арсенал во неделата, Манчестер сити го чека нов предизвик, овојпат полесен. Во Лига купот дома играат против Ватфорд. Овој ривал е како по мерка за Граѓаните, кои победувале во последните 15 меѓусебни дуели.

Сити само во последните пет пресметки на овие ривали има дадено дури 26 погодоци, што е просек над пет по средба. Сепак, со оглед на тоа дека мора да ги штетдат силите, се очекува Сити лесно да го помине овој ривал, но и да не форсира со премногу погодоци.

Предлог тип: Т1 1-2 I & T1 1-2 II (2.50)

- Оглас -

Најнови вести