Пет интересни меча од различни европски натпреварувања се дел од денешните Квоти на денот, а доколку комбинациите ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 49.19.
Сент Гален е домаќин на Цирих и тука предлогот е да се одигра на погодоци, и тоа барем еден гол во првиот дел, а 2+ голови во второто полувреме. Оваа комбинација е со квота од 2.15.
Аталанта и Комо требаше да играат синоќа, но дуелот беше одложен поради поројните дождови. Иако условите за игра може да не бидат најдобри, сепак треба да се очекува погодоци на двете страни, во меч на кој тимот од Бергамо не треба да загуби за да биде добитен коефициентот од 2.20.
Манчестер сити пред своите навивачи игра против второлигашот Ватфорд во Лига купот и јасно е дека фаворитот уште во првото полувреме ќе треба да обезбеди предност и на крајот да победи. На овој меч треба да има меѓу два и четири погодоци, а комбинацијата која се нуди е со одлична квота од 2.60.
Викомб е домаќин на Астон вила во Лига купот и јасно е дека гостите од Бирмингам ја имаат фаворитската улога. Астон вила да постигнува од еден до три погодоци во двете полувремиња е со квота од точно два.
Реал Мадрид не треба да има никакви проблеми на „Сантијаго Бернабеу“ против Алавес, па се очекува Кралевите да постигнат најмалку еден гол во првото полувреме, а на крајот да има минимум три погодоци во мрежата на гостите за да биде добитна комбинацијата што се вреднува со квота точно два.