Арсенал со 16-годишен голман во тимот победи убедливо со 5:1

Англиските гиганти Арсенал и Ливерпул без многу мака го поминаа 16-финалето во Лига купот на Англија. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, реши на дуелот против Болтон да игра со комбиниран состав, но и тоа не беше проблем Топчиите да победат убедливо со 5:1.

Освен погодоците, тоа што го одбележа дуелот во Лондон беше настапот на 16-годишниот голман Џек Портер. Младиот тинејџер не се прослави многу на дебито бидејќи прими гол од единствениот шут што го упатија гостите од Болтон.

Ливерпул не дозволи да биде изненаден и од тоа како Арсенал победи убедливо со 5:1 против Вест хем. Гостите први постигнаа гол, а Диого Жота израмни во 25-тата минута, па на полувреме беше 1:1.

Во второто полувреме повторно Жота погоди за 2:1, а потоа радост на „Енфилд роуд“ донесе Салах за 3:1, а во финишот од дуелот два погодока постигна Гакпо за конечни 5:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести