Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски покажува дека е во добра форма, откако го освои сребрениот медал на турнирот во Тирана, Г1 Опен. Георгиевски кој на ЛОИ во Токио стигна до сребрениот медал, што е најголемо постигнување на еден наш спортист на најголемиот спортски настан, оваа година не успеа да се пласира на ЛОИ во Париз, но тоа не го разочара.
Георгиевски продолжи напорно да тренира и тоа секако носи резултати. На турнирот во Тирана, македонскиот репрезентативец имаше две фантастични победи. Прво славеше над Насо Марко од Италија, а потоа го победи и Плонис Артсиом од Белорусија. Во финалето, Георгиевски беше поразен од Гркот Сотириос.
Интересно е дека Белорусинот Артсиом беше една од причините поради која Георгиевски не се пласираше на ЛОИ во Париз, откако славеше над нашиот таеквондист во квалификациите. Сега Дејан му се реваншираше и тоа му донесе сребрен медал.