Го прашаа Азар кој бил подобар, тој или Салах? Одговорот беше краток и јасен

Легендата на Челзи и на белгискиот фудбал, Еден Азар, стави крај на сите споредби меѓу него и египетскиот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах.

Трансферот на Салах од Рома во Ливерпул во 2017 година за 43 милиони евра беше една од најуспешните зделки во историјата на Ливерпул. Египќанецот постигна 216 гола за клубот на 357 натпревари, со што доби статус на еден од најголемите играчи во историјата на клубот.

Азар имаше блескави игри за Сините, а во едно интервју тој го сподели своето мислење за оваа тема.

Кога Еден беше прашан: „Кој беше подобар, ти или Мо Салах?“, Азар одговори со еден збор: „Салах“.

- Оглас -

Најнови вести