Калјари стигна до првата победа во Серија А оваа сезона откако триумфираше на гости против Парма со 2-3. Неверојатен натпревар беше одигран вечерва на „Енио Тардини“.
Парма двапати се враќаше од негатива, но на крајот сепак бодовите му припаднаа на Калјари.
Надир Зортеа во 34-та минута донесе водство за Калјари, а израмни Денис Ман во 62-рата минута.
Разван Марин постигна прекрасен гол во 75-тата минута за нова предност за Калјари, но Парма дојде до ново израмнување со голот од пенал на Хернари во 87-мата.
Сепак, во следната акција, веднаш откако тргнаа од центарот, фудбалерите на Калјари дојдоа до трет погодок, кој им ја донесе и победата. Роберто Пиколи беше стрелец на победничкиот гол за гостите.