Винисиус кон легендата на Атлетико: „Губитник, немаш ништо, јас имам две титули од ЛШ“ (Видео)

Мадридското дерби помеѓу Атлетико и Реал сè уште е топ-тема во шпанските медиуми, а сега се појави видео од провокациите на Винисиус кон легендата на Атлетико, Коке. Бразилецот симулираше повреда, на што Коке реагираше, а Винисиус тогаш стана и почна да му зборува нешто на фудбалерот на Атлетико.

Шпанските медиуми со читач од усни успеаја да ги дешифрираат зборовите на Винисиус кон Коке.

„Ти немаш ништо, ништо, јас имам две титули од Лигата на шампионите. Да, две, ти немаш ниту една“, зборуваше Винисиус, на што доби аплауз од Коке, па продолжи:

„Ти изгуби две финалиња во Лигата на шампионите, а јас во двете победив. Ти губиш дека си лош, а јас победувам. Затоа и играм за Реал Мадрид.“

- Оглас -

Најнови вести