Вардарци во финишот го скршија отпорот на Пролет (Фото)

Поранешниот македонски првак Вардар 1961 триумфираше против Пролет со 28-25 во шестото коло од Суперлигата, запишувајќи ја петтата победа во домашниот шампионат.

Пролет одлично се држеше 40 минути од натпреварот, но потклекна во финишот, кога Вардар сепак го реши мечот во своја корист.


Гoстите во десеттата минута имаа водство од 3-4, а Вардар на полувремето обезбеди еден гол предност (16-15).

Пролет се држеше цврсто до 40-тата минута, кога резултатот беше израмнет (19-19), но потоа Вардар го скрши отпорот на гостите и на крајот триумфира со 28-25.

Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ постигнаа по седум погодоци во победничкиот тим.

- Оглас -

Најнови вести