Ракометарите на Вардар 1961 утре од 20.45 часот во „Јане Сандански“ против исландскиот Валур ја почнуваат својата сезона во ЕХФ Европската лига, а тренерот Владо Недановски во пресрет на овој дуел потврди дека бекот Дмитро Хориха го чека операција и подолга пауза.
Хориха има скината тетива на шутерската десна рака и нема да може да му помогне на тимот во наредниот период.
Вардар по две години пак се враќа во европските купови, а неиграњето на Хориха е хендикеп, но Црвено-црните веруваат дека и без него може да победат.