Францускиот репрезентативец на собирот дојде во уникатен стил (Видео)

Дефанзивецот на Ливрпул Ибрахима Конате го привлече вниманието со неговото доаѓање на собирот на француската репрезентација. Конате е познат по уникатниот стил на облека, но овојпат ги изненади сите.

Репрезентативецот се појави со качулка на главата и тоа затворена од сите страни.

„Не знаете кој сум, ајде погодете“, искоментира Конате пред собраните новинари, а потоа ја отвори качулката и го покажа лицето.

https://twitter.com/i/status/1843288257834217922

Конате во Ливерпул дојде во 2021 година од Лајпциг за транфер вреден 40 милиони евра. Претходно има настапувано и за екипите на Сошо и во младите категории на ПСЖ. Во дресот на француската репрезентација има одиграно 17 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести