Во Фиорентина полудеа по одбранетите пенали на Де Хеа: Се појави нов Давид во градот (Фото)

Фудбалскиот клуб Фиорентина на своите социјални мрежи го возвишува голманот Давид де Хеа до најголеми височини, дури и го споредуваат со славната статуа Давид на Микеланџело Буонароти која се наоѓа во Фиренца.

Двата одбранети пенали на натпреварот со Милан толку многу ги фрли во транс сите, што направија и монтажа со главата на Де Хеа на местото на голиот Давид во галеријата „Академија“ и му беа додадени шорцеви од Фиорентина.

„Се појави нов Давид во градот“, порачаа Виолетовите.

- Оглас -

Најнови вести