Македонската фудбалска експедиција тргна на неколкудневно патување во две земји, но мисијата е една. Нашата репрезентација да остане на првото место во групата од Лигата на нациите, каде што е во моментов.
Прва дестинација е Рига, каде што в четврток ќе играме против Летонија. Тоа е наш добро познт ривал против кого имаме одлични спомени бидејќи во трите досегашни пресметки, Македонија била победник.
Потоа следува дуел против Ерменија во Ереван, кој може да биде клучен околу борбата за првото место во групата од Лигата на нациите.