Лоши вести за Ливерпул – повредата на Алисон е посериозна

Ливерпул одлично ја започна сезоната во Премиер лигата и по седум кола е лидер на табелата со 18 бода. Во последното коло, Црвените со 1:0 победија на гости кај Кристал Палас. Ливерпул ги освои планираните три бода, но го загуби голманот Алисон Бекер.

Бразилскиот голман заработи повреда и беше заменет во 79-тата минута. Сега, по направените детални прегледи, јасно е дека повредата на Алисон е посериозна и се очекува да паузира повеќе од еден месец.

Според англиските медиуми, Алисон ќе пропушти дури седум натпревари на Ливерпул, и тоа против Челзи, Лајпциг, Арсенал, Брајтон, Баер Леверкузен, Астон вила и Саутхемптон. Проценките се дека голманот би бил подготвен за големото дерби против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, кој е на програмата на 27 ноември.

Како замена за Алисон, во овој период се очекува да биде Каомин Келер, кој летово сакаше да си замине од клубот поради малата минутажа. На дуелот против Кристал палас, на местото на Алисон во игра влезе Витеслав Јарос.

Во Ливерпул, пред почетокот на сезоната се очекуваше да пристигне Мамардашвили од Валенсија, но грузискиот репрезентативен голман дури од јуни 2025 година ќе го облече дресот на англискиот гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести