Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години денеска во Диферданж, Луксембург, ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство. Прв ривал на избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ ќе биде селекцијата на Летонија.
Покрај Летонија, ривали на Македонија во оваа група ќе им бидат и Словачка, како и домаќинот Луксембург.
Најдобрите две селекции од групата ќе продолжат во квалификациите, третопласираната ќе ја чека разврската и од останатите групи, а за фенерџијата сигурно ќе завршат овие квалификации.
Селекциите на Македонија и Летонија до 19 години играа и во минатите квалификации во март оваа година, а резултатот тогаш беше нерешен, 1:1.