Ѓоковиќ „гази“ во Шангај, стигна до 91-во четвртфинале на мастерс-турнирите

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми се пласира во четвртфиналето на мастерс-турнирот во Шангај, откако по малку повеќе од еден час игра го победи Русинот Роман Сафиулин.

Во првиот сет Сафиулин даваше отпор до 3:3, а потоа Ноле притисна, направи еден брејк и го освои сетот со 6:3. Русинот немаше сили во вториот сет, а тоа се виде и по направениот брејк уште на стартот. За брзо време Ѓоковиќ поведе со 5:1 и на крајот јасно беше дека ова ќе биде лесна победа на Србинот, кој вториот сет го доби со 6:2.

Ѓоковиќ по пауза од пет години е дел од мастерсот во Шангај, а сега по десетти пат стигна до четвртфиналето на овој турнир. Ова воедно е и 91-во четвртфинале на мастерс-турнирите за најтрофејниот тенисер.

Следен ривал на Ѓоковиќ е Јакуб Менсик, кој го изненади Григор Димитров и го победи со 2:1 во сетови (6:3, 3:6, 6:4). Во четвртфиналето се пласираа и останатите фаворити, а резултатите од мечевите кои се одиграа денеска се:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести