Реал подготвува мегатрансфер, на зима ја купува ѕвездата на Арсенал за 80 милиони евра

Додека „триколорите“ вечерва ги очекува меч против Израел во Лигата на нации, француските медиуми пренесуваат информација дека се подготвува мегатрансфер во кој ќе биде вклучен нивни репрезентативец. Се работи за 23-годишниот Вилијам Салиба, кој настапува за Арсенал, но со своите игри го привлече вниманието на европските великани.

Реал Мадрид е подготвен да плати најмалку 80 милиони евра за неговите услуги, со оглед дека тоа му е проценетата вредност во моментов, но сумата може да биде и многу поголема, со оглед на тоа дека французинот има договор со Арсенал до 2027-мата година.

„Топчиите“ го купија Салиба пред две години од Олимпик Марсеј за „само“ 30 милиони евра, па доколку во јануари дојде до ваков трансфер, тоа ќе значи и огромна заработка за нив.

- Оглас -

Најнови вести