Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има поддршка од фановите и на денешниот меч во Рига. Повеќе од 200 македонски навивачи се пристигнати на Балтикот и ќе бидат присутни на трибините на стадионот на Сконто.
Фудбалерите на двете селекции веќе истрчаа на загревање, а почетокот на мечот е закажан за 18 часот.