Ѓоковиќ загуби сет, но не дозволи нова чешка сензација во Шангај

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, иако го загуби првиот сет против 19-годишниот Чех Јакуб Меншик кој даде силен отпор.

Српскиот тенисер победи со 6-7, 6-1, 6-4, а во полуфиналето ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц. За популарниот Ноле ова е 78-мо полуфинале во кариерата на турнирите од Мастерс 1000 серијата.

Чешките тенисери се хит на турнирот во најголемиот кинески град. Меншик на патот до четвртфиналето елиминираше големи имиња како Рубљов и Димитров, а неговиот сонародник Махач ќе игра полуфинале против Синер, благодарение на сензационалниот триумф над Алкараз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести