Селекторот на Ерменија откри која е причината за киксот кај Ф. Острови

Ерменија два пати губеше, но на крајот одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Фарски Острови. Ерменците ја имаа улогата на фаворит, но гостите може да се среќни што не загубија. По ова реми, Ерменија заостанува три бода зад Македонија во групата од Лигата на нации, а во следното коло на мегдан во Ереван ќе гостува токму Македонија.

Селекторот на Ерменија Олександр Петраков ја анализираше играта на неговиот тим против Фарски Острови и откри дека причините за неусоехот да се победи, треба да се бара кај сите играчи, но не сакаше да посочи ниеден виновник, само побара дека треба да се гледа позитивно за во иднина.

„Тоа беше многу тежок меч, кој ги кине нервите. Нема да обвинам никого, ниту играчите. Тоа е фудбалот. Во фудбалот се прават грешки и тоа не се грешки на еден играч, туку се работи за ланец од грешки. Затоа, нема да бараме жртвено јагне да обвиниме некого. Овој тим е составен од млади момци кои ќе напредуваат. Верувам дека во иднина ќе станат добри фудбалери. Беше тежок меч и добро е што на крајот израмнивме. Одиме напред“, рече Петраков, селекторот на Ерменија.

Македонија во Ерменија ќе патува со голем оптимизам и самодоверба откако со 3:0 ја победи Летонија во Рига и со тој резултат нашите репрезентативци направија нешто што не им успеало во последните шест години. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести