Клоп го подготвува првиот трансфер во Ред Бул, носи играч на Реал Мадрид

Само неколку месеци траеше одморот на Јирген Клоп од фудбалот. Германскиот стратег кој летово си замина од Ливерпул по осум години поминати на „Енфилд роуд“, сега е главен директор за спортски развој во Ред Бул франшизата.

Според „Defensa Central“ Клоп веќе размислува за својот прв голем потфат во новата улога во Ред Бул. Германецот е фокусиран да го доведе Арда Ѓулер од Реал Мадрид. Младиот талентиран турски репрезентативец не добива доволно минутажа во Кралскиот клуб и според Клоп би било одлично тој да направи трансфер во Ред Бул Лајпциг, најдобриот клуб на оваа франшиза.

„Тој е многу добар фудбалер. Ќе го доведеме, ќе игра за нас, а за една година ќе може да го продадеме за 100 милиони евра, или за уште повеќе“, е размислувањето на Клоп поврзано за младиот Ѓулер.

Се најавува дека Ред Бул по Ѓулер ќе тргне во летото 2025 година, што би бил речиси сигурен трансфер ако талентираниот турски фудбалер не добие доволно минутажа во актуелниот шпански и европски првак.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести