Гранит Џака за свирежите кои ги доби во Србија: Ќе бев изненаден ако беше поинаку

Капитенот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, поради неговите потези на претходните натпревари против Србија, беше под посебна лупа на мечот одигран во Лесковац, и беше исвиркуван при секој контакт со топката.

„Ќе бев изненаден да не се случеше тоа, но морам да признаам дека противничките фудбалери беа многу коректни кон мене. Се однесував професионално и позитивно. Натпреварот беше многу фер. Само се надевав на поинаков конечен исход“, изјави Џака.

- Оглас -

Најнови вести