Новите 13 парови се подготвени, типувањето за колото на Спортска прогноза може да почне

Типувањето за седмото коло од седмата сезона на бесплатната Спортска прогноза може да почне, а рокот до кој може да прогнозирате е сабота, 15 часот.

Во основната 13-ка има осум саботни и пет неделни мечеви. Според имињата на клубовите, оние четири дуели од недела се поатрактивни и попредизвикувачки за прогнозирање.

Жирона на Бојан Миовски в сабота го пречекува Реал Сосиедад, Фулам е домаќин на Астон Вила, а в недела можете да типувате на дербито од Премиер лигата меѓу Ливерпул и Челзи, како и на пресметката во Италија меѓу Рома и Интер.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека ако имате две утки, 11-ката ви носи ваучер од 500 денари.

Треба да се типуваат и двата резервна пара, тие се пресметуваат во трката за генералниот пласман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести