Борусија Дортмунд стигна до четвртата победа во четвртиот меч на домашен терен сезонава во Бундеслигата, откако со 2:1 славеше над Сент Паули. Милионерите беа големи фаворити за триумф, но до самиот крај, домаќините стравуваа дека може да не ги освојат планираните три бода.
Борусија поведе со гол пред крајот од првото полувреме, но Сент Паули изненадувачки израмни во 78 минута преку Смит. Овој беше шок за Борусија која на крајот сепак успеа да се врати и со гол во 83 минута стигна до 2:1 и победа по која Милионерите стигнаа до 13 бодови и се на еден бод зад лидерот Баерн Минхен.