Ќамили двоен стрелец за Сондерјиске, Митровски погоди за Вараждин

Македонските репрезентативци продолжуваат во добра форма и во своите клубови, откако забележаа две победи и со националниот тим. Лирим Ќамили беше двоен стрелец за Сондерјиске во триумфот од 3-2 против Митјиланд.

Ќамили со два гола го најави поразот на фаворитот. Тој го отвори резултатот во 41-та минута, а на почетокот на второто полувреме зголеми и на 2-0. На крајот, Сондерјиске славеше голем триумф против Митјиланд.

Димитар Митровски учествуваше со гол во победата на Вараждин од 2-1 против Горица. Митровски погоди во 19-та минута за водство од 1-0, а потоа Мамиќ го постигна вториот гол за Вараждин.

- Оглас -

Најнови вести