Кошаркарите на Пелистер стигнаа до третата победа во новата сезона од домашниот шампионат, откако на домашен терен го совладаа тимот на МКК Куманово (88-74).
Дебитантот одлично се држеше три четвртини, но Пелистер со серија од 18-0 на крајот од третата и почетокот од последната четвртина ја претвори негативата од четири поени (62-66) во, сепак, убедлив триумф.
Најефикасен во победничкиот тим беше Мајкл Едвардс со 19 поени и десет скока, Никола Мишковиќ постигна 18 поени, а Лука Стојановски беше стреелц на 15 поени.
Вчера, МЗТ Скопје го доби дербито на главниот град против Работнички, Чаир 2030 го совлада Шкупи, а Тиквеш беше подобар Гостивар. ТФТ во драматичен меч триумфираше против Кожув, а Феникс лесно го совлада Вардар на гости.