Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен од победата над Севиља од 5-1 и истакна дека секоја победа е важна и секој меч е важен.
Сега за Барса следуваат два тешки натпревари, најпрвин в среда, дома, против некогашниот клуб на Флик, Баерн Минхен, а потоа в сабота, во Мадрид, против Реал во Ел Класико.
„Секој натпревар е важен, не само големите. Мило ми е што сме во ваква форма. Задоволен сум со резултатот и среќен сум што Гави се врати. Ние сме подготвени и секогаш сме биле. Мојата работа е да го подготвувам тимот за секој натпревар, без разлика дали тоа е Баерн или Хетафе. Секогаш играме 100% на секој натпревар и ќе продолжиме да го правиме тоа. Играчите се полни со самодоверба и квалитет“, изјави Германецот под чие водство Барса даде дури 33 гола на првите десет меча, а само двајца тренери во историјата на клубот имале поефикасен старт од Флик.