Се подготвува мегатрансфер: Ливерпул и Арсенал тргнуваат по потписот на ѕвездата на Реал

Екипите на Ливерпул и Арсенал се подготвени во јануарскиот преоден рок да тргнат по потписот на бразилскиот офанзивец од Реал Мадрид, Родриго. Фудбалерот кој падна во сенка по доаѓањето на Килијан Мбапе и го загуби првотимскиот статус е идеално засилување за премиерлигашите, кои се подготвени да ја платат сумата која ја бараат Кралевите, а таа изнесува 120 милиони евра.

Ливерпул во Родриго гледа идеална замена за Мохамед Салах, кој сè поизвесно ќе си замине на крајот од сезоната, додека Арсенал сака да ја зголеми конкуренција на Габриел Жезус, кој сезонава не игра на потребното ниво.

Реал Мадрид нема ништо против да го продаде фудбалерот доколку пристигне добра понуда, со оглед на тоа дека Родриго има договор до 2028 година, а неговата моментална вредност е 110 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести