Федерико Киеза минатото лето прејде од Јувентус во Ливерпул за 12 милиони евра. Италијанскиот офанзивец беше отпишан од клубот од Торино уште во јули, но Италијанците едвај најдоа купувач. Киеза во последните години има проблеми со повреди и физичка подготвеност, што го потврди и менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.
„Тој доаѓа од Серија А, каде што интензитетот е помал од оној во Премиер лигата. Се бори за да го достигне нашата ниво. Многу е разочарувачки да го гледаме како ги прескокнува нашите тренинзи“, изјави холандскиот стратег.
Киеза засега е далеку од првиот тим на Црвените. Досега има одиграно три натпревари и вкупно 78 минути. Поради ова се најавува и дека можеби експресно ќе се врати во Серија А во зимскиот преоден рок.
Наводно, Интер е подготвен да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп на договорот. Интерес за Киеза покажуваат и Милан и Рома.