Тренерот на Јувентус признава: Интер и Наполи се фаворити за титулата во Серија А

Јувентус го очекува најголемото искушение од стартот на сезоната, бидејќи Старата дама гостува кај Интер во дербито на деветото коло во Серија А. Гигантот од Торино е единствениот без пораз сезонава во италијанското првенство, но сепак заостанува еден бод зад Интер кој е второпласиран со 17 бодови. Лидер е Наполи со 22 бодови, но тимот од Неапол веќе го одигра својот натпревар од ова коло.

Минатата сезона Јувентус заврши на третото место, но имаше дури 23 бодови помалку од шампионот Интер. Според тренерот на Старата дама, Тијаго Мота, Јувентус од сенка ќе чека во трката за борба за титулата.

„Јасно е дека фаворити за освојување на титулата се Наполи и Интер. Тоа се екипите кои ги освоија последните два трофеи во првенството. Утре ќе мора храбро да се соочиме со Интер и да бидеме фокусирани. Јувентус постигна 11 голови во првите осум кола, а Интер дури 17. Само Аталанта со 18 голови е поефикасна“, вели предводникот на Јувентус, Мота.

Во последните шест меѓусебни дуели, билансот е по две победи за двата клуба и две нерешени. На сите тие шест дуели немало повеќе од два погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести