Покетино го однесе Тотенхем во четвртфиналето од ЛШ, а потоа доби казна

Со две победи против Борусија Дортмунд, и тоа без да прими гол, англискиот премиерлигаш Тотенхем се пласираше во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, одлично ја имаше простудирано играта на тимот кој е лидер во германското првенство и не му даде шанса да се надева на успех.

Сепак, Покетино немаше многу време за да се радува на успехот во ЛШ бидејќи денеска го дочека една лоша вест. Менаџерот на Тотенхем е казнет со два меча суспензија поради расправија со судијата Мајк Дин по мечот со Барнли. Тотенхем неочекувано загуби со 2-1 на гостувањето, а Покетино беше многу лут на судијата. Подоцна самиот тренер се извини и рече дека премногу бурно реагирал, но тоа не значеше дека ќе добие прошка.

Покетино нема да може да седи на клупата на Тотенхем на следните две гостувања, и тоа кај Саутхемптон на деветти март, а потоа и за дербито на „Енфилд роуд“ против Ливерпул на 31-ви март. Покрај суспензијата, Покетино ќе треба да плати и 10.000 фунти парична казна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести