УЕФА започна дисциплинска постапка поради скандирање „Слободна Палестина“

Европската фудбалска куќа (УЕФА) започна дисциплинска постапка против фудбалерот на Митјиланд, Арал Шимшир. Турскиот интернационалец кој настапува за данскиот тим на мечот против израелскиот Макаби Тел Авив извикуваше: „Слободна Палестина“.

По мечот, фудбалерите на Макаби го пријавија Шишмир, а во изјавите потенцирале дека турскиот фудбалер посакувал смрт на дел од играчите на Макаби. Сепак, и фудбалерите на Макаби не му останаа должни на Шишмир и го нападнаа во тунелот по завршувањето на средбата.

Сега УЕФА внимателно ја разгледува целата ситуација пред да донесе одлука. Инаку, од спортски аспект, Митјиланд победи со 2:0 против Макаби Тел Авив.

- Оглас -

Најнови вести