Јокиќ има предизвик – трети меч по ред да постигне 40 или повеќе поени

Натпреварот помеѓу Минесота и Далас, кој е реприза од финалето на Западот од минатата сезона, е најинтересниот од четирите кои се играат вечерва во кошаркарската НБА-лига.

Освен битката на тимовите предводени од Ентони Едвардс и Лука Дончиќ, кои ја бараат третата победа во четвртиот меч сезонава, се играат уште три меча. Денвер е фаворит на гостувањето кај Бруклин во меч на кој Никола Јокиќ ќе се обиде трети меч по ред да даде 40 или повеќе поени.

Домантас Сабонис од Сакраменто ако направи трипл-дабл, ќе избие на десеттото место на вечната листа на играчи со најмноу вакви остварувања, а неизвесно се очекува да биде во Сан Франциско, каде што гостуваат Пеликаните од Њу Орлеанс.

Во понудата на Sport Life за играчи има 43-ца поединци на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат. Ако верувате во нова 40-ка на Јокиќ, тогаш добивате квота 1.87 дека Србинот ќе даде над 28 поени, колку што е хендикеп границата. И кај Дончиќ границата е на 28,5 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести