Монструозна партија на Јокиќ, Денвер од работ на бездната до победа преку продолженија (Видео)

Нова фантастична партија на Никола Јокиќ, овојпат зачинета со монструозен трипл-дабл од 29 поени, 18 скока и 16 асистенции за победа на Денвер од 139-144 на гостувањето кај Бруклин по продолжение.

За Никола Јокиќ ова е седми пат во кариерата да има трипл-дабл со најмалку 25 поени и најмалку по 15 скока и асистенции, а податок што говори за квалитетот на српскиот кошаркар е дека сите останати активни НБА-кошаркари кои настапуваат оваа сезона заедно немаат седум вакви трипл-дабл ефекти.

Денвер на овој натпревар имаше негатива и од 17 поени, но успеа да се врати и тоа, пред сè, благодарение на Јокиќ, кој на крајот ги реализира и поените со кои се изборија за продолжение.

Резултати:

Бруклин – Денвер 139-144 (125-125)
Минесота – Далас 114-120
Јута – Сакраменто 96-113
Голден стејт – Њу Орлеанс 124-106

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести