Жирона победи во голеадата со седум погодци, Миовски беше стартер и одигра еден час

Бојан Миовски со Жирона се радуваше на победа во дуелот против Леганес (4:3), во 12 коло на шпанското првенство. Македонскиот репрезентативец беше стартер и на теренот беше до 61 минута, кога резултатот беше 2:2.

Во првото полувреме Жирона два пати водеше со погодоците на Гутиерес и Мартинез, но гостите израмнуваа, па по првите 45 минути беше 2:2.

Во вториот дел, на местото на Миовски во игра влезе искусниот 38-годишен Кристијан Стуани кој само една минута подоцна постигна гол од пенал за водство на Жирона од 3:2. Потоа во 73 минута Леганес си даде автогол за водство на Жирона од 4:2, а до крајот на дуелот, гостите постигнаа трет погодок, но и тој не беше доволен да се спасат од пораз.

За Жирона ова е четврта победа сезонава и со 15 бодови моментлано е на 10 место на табелата во Примера дивисион. Леганес остана на 15 место со само 11 бодови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести